Мециновиќ: Ова е несериозност – Гаши и Мицкоски во 23 часот доставија измени на Предлог-законот за реорганизација на министерствата

од Nikola Popovski
2,5K прегледи

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ денеска го повтори ставот на партијата во однос на Предлог-законот за реорганизација на државната управа и бројот на министерства. Според него, во процедурата се забележува дека претседателот и мандаторот на новата влада не го испочитуваа Деловникот и спротивно на праксата за добро работење на Собранието, синоќа во 23 часот доставија измени во текстот на Предлог-законот.

За Мециновиќ, ова покажува несериозност во поглед на ваква обемна материја.

-Нашата поддршка за оваа реорганизација ќе се поврзе со тоа дека ние бараме итно и веднаш да се донесат измени со кои ќе се воведе една Изборна единица како изборен модел. Оваа измена е коментирана во јавноста и меѓу партии и е во препорака на Мисијата на ОБСЕ во текот на многу години, кажа пратеникот во Собранието.

Членот на Левица информира дека до моментов немале повратен одговор од ВМРО-ДПМНЕ во однос на нивното барање.

Слични содржини