Мециновиќ: Ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба

-Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси, обвинува пратеникот Мециновиќ

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Принтскрин

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во своето излагање на денешната собраниска седница за опозициски пратенички прашања, го критикуваше надворешно-политичкиот курс што го води Владата.

Како пример го наведе гласањето во Генералното собрание на ОН против резолуцијата за прекин на огнот во Газа, спротивно на очекувањата на јавноста и политиката на Македонија, но и на тенденцијата на европските земји.

Пратеникот од Левица дополна дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.

На крајот, Мециновиќ се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван.

„Албанија воведе безвизен режин со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија“, рече, меѓу другото, пратеникот.