Мециновиќ: Предлог-буџетот наменет за предизборни ветувања наместо за развој

од Vladimir Zorba
31 прегледи

„Првиот предлог-буџет на Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ е кусоглед, партиски скроен и политички мотивиран за изборната сезона за локални избори. Очигледно станува повторно дека партиите на олигархијата немаат визија за решавање на проблемите на граѓаните и се водат единствено од лични краткорочни интереси“, соопшти на прес-конференција на пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ.

„Наместо одговори на суштинските прашања за граѓаните, стратешко планирање, силна развојна компонента и социјална политика, имаме само вработувања и зголемување на администрацијата во изборната сезона, како и вбризгување на пари кај нивните криминални градоначалници кои веќе три години ја пустошат државата. Само за оружје ќе бидат издвоени нови две милијарди денари. Ја информира јавноста дека Левица ќе интервенира амандмански на предложениот републички буџет“, додаде Мециновиќ.

Слични содржини