Мециновиќ: Сведочиме геноцид, а Македонија се става на страната на агресорот

Пратеникот на партијата Левица, Амар Мециновиќ, остро ја критикуваше позицијата на македонската влада во врска со конфликтот во Газа, обвинувајќи ја дека зазема страна во, како што рече, „класична окупација и агресија“ врз Палестина.

од Марта Пешевска
14 прегледи

Во контрареплика упатена до министерот Тимчо Муцунски, Мециновиќ изјави дека ситуацијата не може да се сведува на термин „конфликт“, туку претставува чин што бројни држави и меѓународни институции го квалификуваат како геноцид.

„Ова не е само конфликт. Ова е окупација и агресија, а многу држави и институции го признаваат тоа и како геноцид. Тоа се гледа и во постапките кои се водат пред Меѓународниот суд на правдата“, рече Мециновиќ.

Тој ја обвини владата дека со игнорирање на Палестинските власти и фокусирање единствено на Хамас, Македонија практично зазема страна во конфликтот – на страната на Израел.

„За вас како дипломат можеби е проблематичен Хамас, но за граѓаните на Македонија и светот, на нашите телефони гледаме четири HD-геноцида во живо. Ова е асиметричен конфликт и мора да заврши“, порача Мециновиќ.

Пратеникот повторно побара од македонската влада да ја признае државата Палестина и да воспостави дипломатски односи, потсетувајќи дека предложената Декларација на Левица за признавање на Палестина е блокирана во Собранието веќе седум месеци.

„Ако ви е проблем Хамас, поддржете ја легитимната власт на Палестина, признајте ја државата и застанете на страната на мирот“, додаде тој.

Слични содржини