Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, порача дека не може да има понатамошно проширување на Европската Унија без претходно да се спроведе вистинска реформа во неа.
„Оваа дискусија ја имавме на Конференцијата за иднината на Европа во последните пет години, дури и пред војната. За мене, што сум од Малта, проширувањето е секогаш успешен проект. Оваа година се навршуваат 20 години“, рекла Мецола во интервју за „Corriere della sera“ и на тој начин ја опишала ситуацијата во однос на понатамошниот процес на проширување на ЕУ.
Сепак, според неа, ЕУ мора да се реформира за да функционира со 32, 33 или 35 земји, но за тоа е потребна политичка волја и храброст.
Сепак, за неа тоа е долгорочен процес кој може да ја доведе ЕУ до 35 земји-членки, вклучувајќи ги Украина, Молдавија, Грузија и Западен Балкан.
„Верувам во проект кој води кон изградба, а не до уништување, верувам во надеж, а не во страв“, нагласила претседателката на Европскиот парламент.
Мецола објаснила дека не сака да „шпекулира што ќе се случи во јуни“, но ветува дека „ќе работи на тоа ЕУ да има парламент што ќе може да функционира по изборите бидејќи тоа е во интерес на сите европски граѓани“.