Мецола: Европскиот парламент ќе поднесе тужба против Европската комисија до 25 март

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска најави дека ЕП до 25 март ќе поднесе тужба против Европската комисија за одлуката за одмрзнување на милијарди средства за Унгарија на крајот на минатата година.

Лидерите на политичките групи во Европскиот парламент претходно денеска се согласија да поведат постапка пред Европскиот суд на правдата што може да ја комплицира кандидатурата на Урсула фон дер Лејен за втор мандат на чело на Европската комисија, пишува Фајненшл тајмс.

Започнувањето на постапката беше поддржано од сите големи партии, вклучително и Европската народна партија (ЕПП), која претходно ја поддржа кандидатурата на Фон дер Лејен.

Слични содржини