Мецола: Ситуацијата на Блискиот Исток не треба да го оттргне вниманието од Украина, Путин тоа го сака

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска изјави дека Европската унија продолжува да и помага на Украина во воена и финансиска смисла и дека ситуацијата на Блискиот Исток не треба да го оттргне вниманието од Украина, бидејќи тоа е она што рускиот претседател Владимир Путин го сака.

Кога пристигна на самитот на Европскиот совет во Брисел, таа рече дека е важно да се дозволи испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа и повика на безусловно ослободување на сите затвореници.

„Хамас мора да се запре“, рече Мецола.

Слични содржини