Мед и масло за Турција?

од desk3
93 прегледи

Турција доби дарежливо ветувања од Брисел. Под еден услов: да ги запира бегалците. Зошто договорот изгледа несигурен и непринципиелен? И што порака испрати Меркел на новите членки на ЕУ непосредно пред тој план да биде усвоен?-анализира DW.

0,,18879515_303,00
Уште оваа недела Турција и земјите од ЕУ ќе ја продолжат дискусијата на акциониот план, усвоен во недела во Брисел. А следната недела претстои нов самит.

Турција треба да го ограничи протокот на бегалци кон Европа, а во отплата ќе добие визно олеснување и забрзана перспектива за членство во ЕУ – така звучи акциониот план, изготвен на средбата меѓу ЕУ и Турција, што се одржа во Брисел. И двете земји ги прогласија резултатите за голем успех, но во Европа се слушаат и доста скептични коментари. Дали ЕУ навистина “паднала на колена” пред Анкара поради бегалците? Дали Брисел навистина “и го даде еврочленството на златен послужавник” и нуди на Турција “мед и масло”, како што пишуваат турските коментатори?

Русија провоцира судир со Јапонија: На Курилските острови ќе гради две воени бази со 392 објекти

Во досегашниот изглед овој акционен план е повеќе равенка со многу непознати. Брисел навистина ветува на Турците безвизен режим од октомври 2016, како и три милијарди евра за бегалците, отворање на нови поглавја во предпристапните преговори и ревитализација на енергетската соработка. Но овие ветувања се под услов: Турција да ги прекине бегалците. Од своја страна и самата Турција го става своето ветување за бегалци под услов: Брисел да докаже на дело дека има сериозни намери за евроинтеграцијата на Турција. На кратко: двете страни меѓусебно се држат во шах.

Дали тоа е само прагматизам?

Оваа игра не е многу убава и дури изгледа делумно непринципиелна. Ангела Меркел како лидер на ЕУ одеднаш се откажа од долгогодишните приговори против усвојувањето на Турција, а заедно со останатите лидери соодветно го минимизираше клучното досега прашање за правната држава и слободата на говорот во муслиманската земја. Дали тоа е само прагматизам во една тешка ситуација или пак граничи со паника? И не е ли лицемерие, прашуваат коментатори, додека ЕПП (во која членуваат демохристијаните на Меркел!) Повторно се изјасни против членството на Турција.

Големите попусти, ветени од ЕУ, се добредојдени за турските лидери Ердоган и Давутоглу. Тие ги користат за да ја зголемуваат и без тоа прекумерната политичка моќ во Турција, чии граѓани гледаат на Европа како на Ветената земја, каде веќе живеат милиони нивни роднини и пријатели. Иако, во интерес на вистината, ставовите во Турција кон евентуалното еврочленство се контрадикторни. Турците масовно ја поврзуваат Европа со просперитет, но во последниве години изгубија надеж. Денес помалку од 50 проценти поддржуваат влез во ЕУ. Бизнисите во Турција пак моќно го поддржува пристапувањето, а владејачката Партија на правдата и развојот е поделена помеѓу овие две позиции.

На крајот сепак е важно друго: според мнозинството европски експерти, независно од сегашната почит на Брисел кон Анкара, Турција сé уште е премногу далеку од еврочленството. Во исто време самата Унијата ја преживува најтешката криза во досегашната историја. Пред почетокот на средбата со Турција во Брисел германската канцеларка собра осум еврочленки на претходно советување за бегалците. Некои аналитичарите побрзаа да прогласат дека ЕУ се враќа кон идејата за јадро и периферија, а други директно го прогнозираа претстојното распаѓање. Последната прогноза е силно претерана, но опасноста е реална. И очигледно токму оваа опасност ја натера Меркел да ги собере прво земјите-истомисленички во кризата со бегалците. Откако претежно еврочленките од Средна и Источна Европа не сакаат ниту бегалци ниту квоти за нивната дистрибуција, Германија логично претпочита да разговара без нив за можностите.

Важна порака до новите во ЕУ

Така Ангела Меркел им испрати сепак и јасна порака што можеме да ја преведеме вака: ако продолжите да ја цепите Унијата, утре Брисел може да ви ги запре парите, односно фондовите на ЕУ, кои се исклучително важни за средните и источните. Токму тие добиваат од ЕУ многу повеќе пари отколку што даваат. Но и по оваа тема е тешко да се каже кој е во право и кој ќе надвладее. Бидејќи во одговор на неискажана закана за парите, средните и источните пак велат: Меркел ги отвори границите, сега таа да се справи некако, но без нас. Што ќе излезе конечно – ова никој не може да го прогнозира.

Сигурно е сепак едно: на бегалците и мигрантите им претстојат тешка зима и непријатни времиња.