МЕДЕНИОТ МЕСЕЦ ЗАВРШИ: Мбапе бесен на Жиру, сакал да му упадне на прес

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Најреномираниот спортски весник во светот, француски „Л’Екип“, пишува дека медениот месец заврши во најсилниот напад на светот, непосредно пред почетокот на Еврото, каде светскиот шампион ја напаѓа и европската титула.

Со враќањето на Карим Бензема по пет години, веќе силниот напад на Франција – Мбапе, Гризман, Жиру, Бен Једер, Дембеле … стана уште посилен, а првите игри на кои сите играа покажаа што им прават на своите противници.

На подготвителните натпревари за ЕП, светските шампиони ги совладаа Велс и Бугарија со 3:0, а брилијантни беа и членовите на најсилниот напад на фудбалската репрезентација. Иако сите играа заедно првпат, тие се надополнија брилијантно, комбинираа хармонично и реализираа ефикасно.

Единствено што ја вознемири идилата беше повредата на Карим Бензема пред полувремето на мечот со Бугарија, но тој брзо се опорави. На крајот на краиштата, неговата замена Жиру постигна два гола за само седум минути.

Токму скандалот што го откри „Л’Екип“ е поврзан со него. По натпреварот, Жиру изјави: „Одредени поединци не ми ја додаваа топката доволно често“, а во тиезборови се пронашол Мбапе.

Тој формираше напаѓачки пар на Франција со Жиру 45 минути и го почувствува ова како прозивка и напад врз себе. „Л’Екип“ пишува дека Мбапе бил толку бесен што сакал да ушадне на прес-конференцијата и да му одговори на Жиру.

Слични содржини