Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити му одговори на Тито Петковски кој изјави дека барањето на ДУИ, премиер да биде Албанец е обид Заев да се делегитимира но и обид да се воведе друг општествен систем. 
„ Тито, на претседателските избори во 1999 година изјави дека немаш потреба од гласовите на албанците. Во првиот круг имаше предност од 123.000 гласови над починатиот Трајковски, но по твојата изјава, на вториот круг изгуби со 60.000 гласови разлика од Борис Трајковски. Ако за себе не научи од лекцијата од 99та, барем поштеди ги твоите коалициони партнери од истата грешка“, пишува Меџити.
Според него, ДУИ е политичка академија со легитимни, аргументирани и издржливи барања.
„Ако ти имаш проблем со меморијата и ги забораваш политичките настани од минатото, сакам да те потсетам дека токму ти во 2006 му заврте грб на СДСМ и ги прати во опозиција, поддржувајки го ВМРО и ДПА, со што му го трасираше патот на Груевски, и ја прегази вољата на албанските гласачи. Останатото е историја“, стои во објавата на Меџити на Фејсбук.