Меџити: ДУИ ќе раководи со три комисии

од Берта Китинска
436 прегледи

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ со три, а Алијанса на Албанците и Алтернатива со две, изјави денеска пратеникот Изет Меџити од ДУИ.

– По дифолт, претседателот на Собранието ќе раководи со Уставната комисија. ДУИ ќе раководи и со комисијата за здравство, а дилемата е дали ќе раководи и со Комисијата за европски прашања или со Комисијата за образование, посочи Меџити.

За пратеникот Исмаил Јахоски, кој на сајтот на Собранието, е ставен во групата на независни пратеници, Меџити рече дека станува збор за техничка грешка која се надева дека ќе биде поправена.

– Тој беше неколку мандати градоначалник на ДУИ во Пласница. Сега е пратеник во нашата парламентарна група и секојдневно сме во комуникација за сите активности, рече Меџити.

Слични содржини