347
Пратеникот од ДУИ, Изет Меџити нема да гласа за новата влада, за која во моментов се расправа во Собранието. Тој за „СП“ не образложил зошто не е присутен на собраниската седница, ниту зошто не ѝ дава поддршка.
Меџити вели дека досега доста зборувал и дека на јавноста и се познати неговите ставови.
Aко само Меџити се воздржи од гласање, за владата на Ковачевски ќе гласаат 63 пратеници, односно таа ќе ја добие поддршката од мнозинството.