424
Денеска пред да влезе во Собрание пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, потврди дека имало несогласувања во партијата, но дека сепак, целосно ќе ја подржи листата на предложените кандидати за министри во новиот владин кабинет.
-Не сакам јас да придонесам за да пропадне една Влада која има подршка од нашите партнери ЕУ и САД. Ќе гласам за оваа Влада заедно со моите забелешки, изјави Меџити.
Меџити додава дека има забелешки за извршната власт, но по долгите дебати во партијата, вели дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети.