Скопје категорично ја отфрли „понудата“ од Софија за македонскиот јазик и нација, пишува бугарскиот портал „Медијапул“ по вчерашната информација што ја објави бриселки „Политико“ дека наводно во ЕУ бил поддржан овој предлог.
Властите во Скопје категорично го отфрлија предлогот од Софија, Бугарија да го признае македонскиот јазик и идентитет, а за возврат Северна Македонија да признае дека тие имаат бугарска основа, пишува порталот.
Според порталот, станува сѐ поверојатно дека Бугарија ќе го блокира усвојувањето на Преговарачката рамка и првата Меѓувладина конференција меѓу Мкаедонија и ЕУ која се планира да се одржи во декември.
Во текстот се цитираат изјавите на претседателот Пендаровски и премиерот Заев дека „тврдењата дека македонскиот јазик и народ имаат бугарски корени се непрофатливи“, како и дека „нема да преговараме за идентитетот на Македонците и за македонскиот јазик. Тоа се нашите црвени линии“.
Вчера Заев и Пендаровски негираат дека со Бугарија се преговара за јазикот. Тие ги демантираат наводите во бриселски Политико дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел бил постигнат таканаречен „бугарски компромис“ за почеток на преговорите.
Шефот на државата очекува да се пронајде компромис со Бугарија, на истиот начин на кој што беше најден и со Грција, без да елаборира на што точно мисли.
Заев и Пендаровски негираат дека со Бугарија се преговара за јазикот. Ги демантираат наводите во бриселски Политико дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел бил постигнат таканаречен „бугарски компромис“ за почеток на преговорите.
Бугарскиот амбасадор на вчерашниот состанок со своите колеги од земјите членки на Европската Унија, како што објавува угледниот „Политико“ повикувајќи се на информации од висок европски дипломат, на маса ставил компромис за надминување на споровите меѓу Македонија и Бугарија.
Понудата, според она што е објавено, содржи размена на признавања.
„Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, С. Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик“.