Лаборантскиот техничар Ферди Шакири е една од 14-те жртви во пожарот во тетовската модуларна болница. Веста за неговата смрт вчера ја објавија од поликлиниката Бамикор Медика од Тетово, простувајќи се со својот колега и изразувајќи сочувство до неговата сопруга, деца, роднини и пријатели.
Информацијата дека здравствен работник загинал во пожар во Тетовој утрово ја потврди и координаторот на ковид центарот, Гзим Нуредини.
-Еден од загинатите пациенти е и медицински техничар од приватна поликлиника. За жали тој починла во трагедијата која ни се случи, кажа Нуредини.
Според тековните информации, Шакири бил пациент во тетовската модуларна болница, тој имал Ковид-19, но последниот тест му бил негативен и тој можел да ја напушти болницата. Сепак, тој решил да остане уште еден ден на болничко лекување, а дополнително и за да им помага на колегите.
Во моментот на пожарот хоспитализирани биле 26 ковид-пациенти, двајца лекари и четири медицински сестри. Од пациентите, 12 се евакуирани и се во добра состојба префрлени тетовската болница.