
Научниците од Универзитетот во Мичиген објавија дека спровеле успешни прв тести со ново експериментално лекување на рак. Таа користи специјално нано дискове кои му помагаат на телото да се бори со клетките на ракот.
Предметните нано дискови со дијаметар едвај 10 нанометри. Секој од нив е полн со неано атигени кои се специфични за соодветниот вид тумор или негова мутација. Покрај тоа, тие го активираат имунолошкиот систем на телото и го тераат да ги напаѓа клетките на ракот и да ги уништува.
Покрај тоа, научниците го тестирале и методот за градење на отпорност против враќањето на клетките на ракот. Ова се случува со додавање на инхинбитори. Така Т-клетките на телото ја задржуваатт својата способност да ги уништуваат клетките на ракот.
За сега научниците го тестирале методот само на глувци. Нано дисковите имаат потреба од 10 дена, за да ги уништат целосно туморите. Кога идентични тумори биле ставени повторно 70 дена подоцна, тие повторно биле убиени.
Сега научниците ќе поминат во следната фаза на развој. Таа има за цел да провери дали методот ќе се соочи со поголеми тумори во големи животни, а потоа и во луѓе. Ако тестовите се успешни, со години методот за лекување на рак може да биде доста поинаков од сегашниот. Лекарите ќе земаат примерок од соодветниот тумор, за да се разбере каков точно е тој. Потоа едноставно треба да додадете вистинската ннано антиген во нанодисковите и да ги инјектираат во телото. Додека тоа стане реалност, сепак, ќе биде потребно уште доста време.