Лидерот на ЛДП Чедомир Јовановиќ учествуваше во инцидентот во средата вечерта во близина на ресторан за брза храна во Нов Белград.
Според медиумите, тој се судрил со наводниот водач на членовите на навивачката група „Хиени“, Урош Аврамовиќ.
Имено, според медиумите, пред инцидентот кој се случи синоќа, Јовановиќ седел во блискиот бар со Аврамовиќ.
Според тврдењата, тие седеле во друштво на еден маж во кафулето, пред да започне расправијата меѓу нив.
Во април 2008 година, Аврамовиќ и убиениот Велибор Дуњиќ го претепаа и ранија Андреја Чогуриќ, по што заминаа во странство. Поради ова дело, Дуњиќ беше уапсен во Шведска во ноември 2008 година, а Аврамовиќ во јуни 2009 година во германскиот град Франкфурт, по што беше испратен во затвор. Со првостепената пресуда двајцата беа осудени на осум години затвор, но Апелациониот суд ја преполови казната на Аврамовиќ.
Некои медиуми наведуваат дека Јовановиќ во средата вечерта се судрил и со братот на Дуњиќ.
За потсетување, во средата вечерта се случи инцидент во Нов Белград, а во разговор со ТВ Прва Јовановиќ призна дека го скршил излогот на ресторан за брза храна, нагласувајќи дека бил нападнат.
Третото јавно обвинителство се огласи по повод овој настан и нареди истрага.
Сопругата на лидерот на ЛДП, Јелена Јовановиќ изјави дека нејзиниот сопруг се бранел и дека реагирал затоа што бил физички нападнат.
Се појави и видео снимка на која се гледа како политичарот вика кон полицијата.