Медиуми: Лавров хоспитализиран на Бали поради проблеми со срцето

од Vladimir Zorba
232 прегледи

По пристигнувањето на самитот на Групата 20 на Бали, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е пренесен во болница поради здравствени проблеми, соопштија денеска индонезиските власти, пренесе АП.

Дописникот на АП од Бали јавува дека тројца индонезиски владини и медицински функционери изјавиле дека рускиот министер за надворешни работи се лекува, но одбиле да бидат идентификувани бидејќи не се овластени да зборуваат јавно.

АП објави дека два извори рекле дека Лавров е во болница поради срцеви проблеми, но официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ја нарече лажна веста за хоспитализацијата на министерот за надворешни работи на Бали.

„Ги читам вестите во Индонезија со Сергеј Викторович (Лавров) и не им веруваме на нашите очи: излегува дека е хоспитализиран. Се разбира, тоа е лажна вест без преседан“, напиша Захарова на Телеграм.

Слични содржини