Медиуми: Руски генерал загина во експлозија на мина во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот генерал Владимир Завадски загинал во експлозија на мина во Украина, објавија медиумите повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.

Генерал-мајор Завадски (45) беше заменик командант на 14-тиот армиски корпус.

Руското министерство за одбрана не излезе со соопштение на оваа тема.

Се верува дека најмалку шест руски генерали загинале од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

Слични содржини