Управата за јавни приходи соопшти дека работодавачите во медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените.
„За секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно „Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми“, стои во соопштението.
За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум, додаваат од УЈП треба да пополни и поднесе комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 630.
За поднесување на пресметката преземете ја новата верзија на клиентски софтвер.