Долгоочекуваното прашање за медиумите денеска треба да биде отворено пред работните групи на ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА кои го продлжуваат процесот на преговори во Клубот на пратениците.Според најавите на работните групи се поканети свои излагања да изнесат и медиумските организации преку претставници од Синдикатот ССНМ, ЗНМ, МАН, МИМ, ЦРМ и други експерти од медиумската сфера, а ке се разговара во неколку турнуси.

Партии потписници на договорот од Пржино вчера преговараа за формирањето на анкетна комисија за прислушувањето, која ќе треба да ја утврдува политичка одговорност за прислушувањето. Најголемите партии не успеаја да постигнат согласност бидејќи ВМРО – ДПМНЕ бара бројот на членовите да биде според бројот на пратеници. За опозициската СДСМ ова е неприфатливо бидејќи на тој начин власта ќе си обезбеди апсолутно мнозинство во оваа собраниска комисија. Исто така се уште нема решение за избирачкиот список, гласањето на дијаспората и други прашања поврзани со изборите.