Медиумската компанија на Трамп загуби 4 милијарди долари за седум дена

од Vladimir Zorba
185 прегледи

За 21 отсто паднаа акциите на медиумската компанија TMTG, во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кои пред неколку дена за прв пат се појавија на берзата во Њујорк, со што загубија пазарна вредност од четири милијарди долари.

Според последните податоци, цитирани од CBS, вредноста на акциите паднала на 48,66 долари. Својот максимум го достигнаа ден по влегувањето на пазарот, кога изнесуваа 79,38 долари.

Компанијата неодамна откри во регулаторно поднесување дека има зголемени загуби кои, според нејзиниот сметководител, „фрлаат сомнеж во способноста на фирмата да продолжи како тековно работење“.

Трамп загуби 2,5 милијарди долари

Цените на акциите сепак се уште се повисоки отколку пред неодамнешното спојување на Digital World Acquisition со компанијата на Трамп TMTG, која стои зад мрежата Truth Social. Гореспоменатото спојување и овозможи на новата компанија да излезе на берза под симболот DJT, што претставуваат иницијалите на Трамп.

Доналд Трамп, кој поседува 57 отсто од новата компанија, „на хартија“ загуби 2,5 милијарди долари поради падот на цените на акциите.

Неговиот удел сега вреди 3,8 милијарди долари, додека во својот врв тој удел изнесуваше 6,3 милијарди долари.

Слични содржини