Меџити: 10 илјади граѓани од дијаспората доаѓаат за да гласаат на 8. мај

од Nikola Popovski

Лидерот на Демократското движење и дел од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити денеска информира дека околу 10 илјади граѓани од дијаспората ќе гласаат на изборите на 8 мај. Според него, тоа е дополнителна мотивација за сите што живееме тука, „да издвоиме пет минути за да гласаме, со цел да се заокружи промената на политичката сцена“.

Меџити обвини дека нивните опоненти во албанскиот блок „продолжуваат со поткуп на гласови и притисоци врз администрацијата и тие што работат на договор на дело“.

-На осми мај, народот заедно со дијаспората ќе го заокружи процесот со нова влада и враќање на надежта кај младите да ја гледаат иднината во земјава. Од тие 10 илјади граѓани од дијаспората, повеќето се самоорганизирани, но некои ќе дојдат и со наша помош, кажа носителот во ИЕ2.

Меџити информира дека како здружена коалиција не повикуваат на бојкот во вториот круг на претседателските избори, туку „нивните гласачи сами да одлучат да гласаат за подобриот кандидат“.

Слични содржини