Меџити: 1,3 милиони евра за подобрување на водната инфраструктура во Кавадарци

од Љубиша Владимиров
22 прегледи

Проектите за подобрување на водната инфраструктура во Кавадарци, кои се финансирани од Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе ја подобрат инфраструктурата и животниот стандард на жителите на оваа општина. Како што истакна министерот Изет Меџити, вкупната вредност на овие три проекти изнесува 1,3 милиони евра, од кои околу 1 милион евра се неповратни грант средства, додека 300 илјади евра се сопствена контрибуција на општината. Средствата се обезбедени преку кредитната линија од Европската инвестициска банка.

Проектите вклучуваат изградба на водоводна и канализациона мрежа во село Моклиште, како и нови мрежи во блок 5.9 во градот Кавадарци, со што ќе се обезбеди поврзување на 400 домаќинства со постоечката инфраструктура. Дополнително, ќе бидат инсталирани водомери со далечинско отчитување за повеќе од 2000 домаќинства. Меџити истакна дека со овие проекти Владата инвестира во подобрување на социо-економскиот развој на Кавадарци, а истовремено, се промовираат нови технологии за точно отчитување на потрошената вода, што ќе помогне во намалување на загубите на вода и одржливо управување со водните ресурси, како и заштита на животната средина.

Слични содржини