Меџити: Аљи може да го надмине Ангелов во ЦУК

од Nikola Popovski
31 прегледи

Министерот за животна средина и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити оценува дека неговата коалиција ќе продолжи да расте и веќе десет членови од Алијанса за Албанците , поточно од едното крило, се префрлиле во владината коалиција. Истакна дека се работи за визијата и програмата на партиите кои се обединети во еден политички субјект.

За новиот директор на ЦУК, Мухамед Аљи, Меџити смета дека ќе го надмине неговиот претходник, Стојанче Ангелов.

-Може и да го надмине, кусо одговори министерот пред зградата на Владата.

Според него, деновиве ќе се комплетира листата и со членови на Владата и со другите позиции кои останаа празни по заминувањето на крилото на Арбен Таравари од централната власт.

За новиот предлог за министер за здравство, Азир Алиу, Меџити оценува дека министерот треба да биде добар менаџер кој што го познава системот и да овозможи подобро управување со ресорот.

Алиу од 2013 до 2017 работел како советник за високо образование, наука и ИКТ во кабинетот на екс-премиерот Никола Груевски.

Слични содржини