Меџити бара Таравари јавно да објави дека соработува со ДУИ и да не се срами

од Nikola Popovski
43 прегледи

Еден од лидерите на ВЛЕН и вицепремиер во Владата, Изет Меџити најави дека во рамките на власта ги коментираат случувањата на политичката сцена и ставовите на министерот Арбен Таравари. Вели дека ВЛЕН продолжува во насока на заштита на граѓаните од албанскиот кампус.

-Како што ветивме, донесовме промена, ротација и демократија кај Албанците. Стоиме цврсто на тој пат. Тука е проблемот до господинот Таравари. Ние одлучивме ВЛЕН да биде едно, тоа го бараат и гласачите. Второ одлучивме дека и соработка со ДУИ и останување во ВЛЕН не е можно, како и да се биде дел од Владата, рече денеска Меџити.

Тој смета дека Таравари има право да соработува со ДУИ и тоа јавно да го објави и да не се срами. Меџити оценува дека лидерот на едното крило на АА треба да се определи на која страна ќе застане.

На вчерашната редовна владина седница, Таравари не бил присутен, но бил другиот вицепремиер Арбен Фетаи.

За најавената средба на премиерот Христијан Мицкоски со министерот за здравство и дали ВЛЕН ќе биде присутна на состанокот, Меџити рече:

-Тоа се формални работи. Јас ги кажав нашите ставови. Тие не се обврзани дали на 29-ти април или 1-ви мај. Не може и со ВЛЕН и со ДУИ. Нема логика и со ДУИ и дел од Владата. Не сме разговарале околу тие детали (за средбата).

Неделава ВЛЕН треба да ја официјализира соработката и да формира политичка партија. Меџити вели дека се зборува за неговото име за лидер на новата партија, но нема одлука. Според него, приоритет има ВЛЕН отколку индивидуални амбиции или други концепти.

Слични содржини