Првиот вицепремиер и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити реагираше на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека „без Албанците, ќе нема иднина за Македонија“. Според Меџити, никој не отворил такво прашање дека може без Албанците.
Меџити е дециден дека никој не го оспорува тоа.
Ахмети порача дека премиерот Христијан Мицкоски не може да формира влада на легитимитет без ДУИ, бидејќи, како што вели, освоивле над 60 отсто од гласовите на албанскиот електорат. Претседателот на ДУИ ова го кажа во обраќањето пред иселениците во Швајцарија.
Тој потсети на преговорите во 2016 година кога, според него, ВМРО-ДПМНЕ побарала поддршка за оставка на тогашниот претседател на Владата, Никола Груевски од премиерската функција.
„Им кажав дека тие треба сами да ги решат овие работи. Преговаравме три месеци“, рече тој.
Ахмети ја критикуваше недоследноста на албанските политички противници, потсетувајќи дека тие постигнале договор за поддршка на уставните амандмани, кој подоцна беше отфрлен. Ахмети ја заврши својата порака со апел за единство и посветеност на заедничките цели за просперитет и стабилност на Албанците во Македонија.