Меџити до Курти: Соработката ќе продолжи, односите меѓу Македонија и Косово се силни и непоколебливи

„Северна Македонија и Косово, односно нашите две влади, веќе воспоставија пријателство преку конкретна работа и проекти“, истакна Меџити

од Nikola Popovski
9 прегледи

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити испрати порака до премиерот на Косово во технички мандат, Албин Курти, во која ја нагласи добрата соработка меѓу двете влади.

„Ви благодарам за честитките по повод победите на ВЛЕН во секој агол од Северна Македонија. Во месеците што ги поминав во Владата, кога бев вицепремиер, нашата меѓувладина соработка беше искрена и длабока“, напишал Меџити на Фејсбук.

Тој додал дека истата соработка ќе продолжи, бидејќи односите се силни и непоколебливи.

„Северна Македонија и Косово, односно нашите две влади, веќе воспоставија пријателство преку конкретна работа и проекти. Добрата работа меѓу двете влади ги зајакнува нашите братски и соседски врски“, истакнал Меџити.

Претходно се огласи премиерот на Косово во технички мандат кој ѝ честиташе на коалицијата ВЛЕН за победата во девет општини на локалните избори.

Курти ги пофали ВЛЕН: Нивната победа во девет општини е одлична шанса за реформи во Македонија