Меџити ги нарече „авантура“ евентуалните предвремени избори и соопшти дека меѓу него и Касами ќе се избере новиот лидер на ВЛЕН

„Не гледам никаква причина, не дека се плашиме и не бегаме од ова, особено сега кога во моментов ВЛЕН има 10 општини, а може да има 11 или 12. Ова се дополнителни трошоци, имаме јасна програма, ветувања каде што мора да работиме на нивна реализација“, кажа Меџити за евентуални предвремени избори

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Фејсбук

Победата на ВЛЕН на локалните избори беше убедлива во речиси сите урбани општини, додека најголемиот губитник на овие избори е ДУИ и Ахмети, од 13-14 општини што ги имаа, сега има само 4 рурални општини. Тоа е почеток на крајот на ДУИ, изјави еден од лидерите на ВЛЕН и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити.

„Во ДУИ ја изгубија надежта, Ахмети ги држеше под тензија со ветување дека ќе се вратат на власт, ќе предизвикаме предвремени избори. Ова веќе не се темели, луѓето не веруваат во тие тези, затоа се случува она што се случува во нивниот табор“, рекол Меџити.

Според него, победата на ВЛЕН е јасна дури и таму каде што нема мнозинство на македонско население, како на пример во Арачиново, каде што Даут Беќири од ВЛЕН излезе како победник од првиот круг, сето ова како одговор на тоа дали ВЛЕН бил потпомогнат од ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини со мнозинство албанско население.

„Ние сме партнери на владата, и пред сè има општини кои без гласовите на ВЛЕН, ВМРО немаше да победат, тоа не е само Градот Скопјe, туку и неколку други општини како Карпош, Чучер Сандево…, постои правило, владините партнери си помагале едни на други дури и кога ВЛЕН не бил таму, истото било случај и со ДУИ, ДПА и ПДД и ниту еден принцип не е прекршен“, рече Меџити.

Во врска со тоа што значи оваа победа на ВЛЕН и дали може да има предвремени парламентарни избори, Меџити одговори дека на земјата не ѝ е потребна таква авантура.

„Не гледам никаква причина, не дека се плашиме и не бегаме од ова, особено сега кога во моментов ВЛЕН има 10 општини, а може да има 11 или 12. Ова се дополнителни трошоци, имаме јасна програма, ветувања каде што мора да работиме на нивна реализација“, подвлече Меџити.

Новиот градоначалник рече дека има интензивна комуникација со пратениците од опозицијата, вклучително и со нивното барање да се приклучат на парламентарното мнозинство.

Додека на прашањето дали разговарал со Села и пратениците од оваа структура, за да биде дел од мнозинството, Меџити одговори дека засега, не.

„Имавме средба со него кога Таравари ја напушти владата, но тој не беше подготвен во тој момент“, подвлече Меџити. Додаде дека меѓу него и градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, ќе се избере новиот лидер на ВЛЕН.

„Тука сме некаде. Тој е поголем фактор во Тетово, јас сум во Скопје. Ова се два главни града каде што се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија меѓу партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија“, навел Меџити.