Меџити: Груби бил платен од Мијалков – членовите на ДУИ нека го напуштат бродот кој тоне

од Nikola Popovski
490 прегледи

Се докажа дека нашето укажување и барање за борба против корупцијата било исправно и точно. Одлуката на Стејт департментот за ставање на Артан Груби на црната листа и забрана за влез во САД е доказ дека се што сме зборувале е на место и сме биле во право, изјави денеска вицепремиерот и член на ВЛЕН, Изет Меџити на прес-конференција.

Меџити истакна како САД докажале дека се наш прв и најважен стратешки партнер кои секогаш знаат директно да ги посочат проблемите од кои страда државата и граѓаните.

-Да имаше сила ДУИ да се справи со корупцијата, Али Ахмети ќе послушаше кога баравме од него да го тргне и избрка Груби. Ахмети време е да признаеш дека згреши и да признаеш зошто Груби беше поважен од сите искрени членови на ДУИ кои не сакаа да ја гледаат партијата како се распаѓа. Ги повикувам сите членови на ДУИ да го напуштат раководството. Напуштете го корумпираниот брод кој тоне. Албанската борба за правда и достинство не започна со ДУИ, ниту ќе заврши со ДУИ. Институциите да постапат соодветно и да ги истражат сите наводи, кажа вицепремиерот.

Според неговите зборови, вчерашната одлука на САД докажала дека функционерот на ДУИ бил платен од поранешиот директор на ДБК и дека примил мито.

Слични содржини