Меџити и ВЛЕН го притискаат Таравари – мора да избере помеѓу Владата и ДУИ

од Марта Пешевска
82 прегледи

Вицепремиерот Изет Меџити и коалицијата ВЛЕН ја изразија својата цврста позиција по средбата на премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на АА, Арбен Таравари. Тие нагласија дека ако Таравари избере да соработува со ДУИ на локалните избори, тоа ќе значи крај на неговото учество во владината коалиција. Меџити предупреди дека соработката со ДУИ не е прифатлива, особено со оглед на обвиненијата за корупција што ги тежат високите функционери на оваа партија.

Премиерот Мицкоски му постави рок на Таравари до крајот на мај да се изјасни, додека Таравари одржа став дека сè уште нема договор со ДУИ и дека ќе се повлече од Владата ако дојде до таков договор.

Слични содржини