Меџити: Имаме забелешки за Даути, но ја поддржуваме кога има иницијатива од Левица

од Nikola Popovski
91 прегледи

Последните интерпелации, можеби во историјата на Собранието, се најлошите или најнеизгласаните. Да поднесеш иницијатива за интерпелација и на крај да гласаат само тројца пратеници, значи дека имаме поддршка и од Европскиот фрон и од ДУИ. Многу луѓе таму мислат како нас и ги повикувам и имаат отворена врата да се приклучат кон ВЛЕН, рече денеска членот на владеачката коалиција, Изет Меџити запрашан за обидите за интерпелација на дел од министрите и замениците.

Меџити им се заблагодари јавно на пратениците.

-Ниту еден од пратениците на ВЛЕН не беше присутен при гласање на неговата интерпелација. Тоа е политичка одлука, додаде вицепремиерот и министер при посетата на општина Гостивар за иницијативата за интерпелација на министерот Иван Стоилковиќ.

Меџити информира дека пратеничката Илире Даути ќе остане претседателка на собраниската Комисија за млади и социјална политика. Вели дека имаат многу забелешки за нејзината работа, но, кога има иницијатива од Левица, „ние сме против и ќе ја поддржиме“.

Не поминаа четирите интерпелации за работата на владините функционери. Единствено, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден „воздржан“ беше поддржана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, поднесена од Левица. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. На седницата не присуствуваа пратениците од СДСМ, а против гласаа и од ВЛЕН.

Слични содржини