Првиот вицепремиер и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, реагираше на саркастичен начин на поставувањето на споменикот на Андон Лазов-Ќосето на кружниот тек кај хотел „Континентал“.
„Оние на кои им недостига Владата на ДУИ, особено пред изборите, можат да ги видат овие реакции преку Калето и поставувањето на Ќосето. Во врска со споменикот, ако сакате, јавно им се заблагодарувам со иронија на Бујар Османи и пријателката на Блерим Беџети, Данела Арсовска, за ова добро дело што го направија. Тие се способни да креваат тензии и да предизвикуваат меѓуетнички проблеми само за да освојат политички поени или да се обидуваат да се спасат од поразот што ги чека“, изјавил Меџити за време на настан во Арачиново.
Реакција за поставувањето на Ќосето стигна и од СДСМ од каде што велат дeка „Скопје 4 години тоне на секое поле, скопјани се соочуваат со нехигиена, хаос во јавниот превоз, урбанистичко дивеење, а ВМРО- ДПМНЕ и Арсовска се фатија за рециклирање на споменици од режимот и криминалниот Скопје 2014“.