Меџити избегна одговор за дивоградбите во Чаир и обвини дека акцијата на Арсовска била нарачана

од Марта Пешевска
36 прегледи

Вицепремиерот Изет Меџити избегна директен одговор на прашањето за акцијата на скопската градоначалничка Данела Арсовска против дивоградбите во Чаир – општина во која тој беше два мандата градоначалник, а сега управува неговиот сопартиец Висар Ганиу.

Иако Арсовска јавно изнесе документи за над 150 објекти со фалсификувани дозволи, Меџити акцијата ја сведе на политички конфликт меѓу неа и Ганиу околу чистотата во општината. Наместо да објасни што ќе се преземе за големите нелегални згради кои се веќе впишани во катастар, тој обвини дека акцијата била „нарачана“ и упати критики кон друга општина – Сарај, каде, според него, сите градби биле дивоградби легализирани за 1 евро по квадрат.

Сарај е под управа на ДУИ, а со неа претходно раководеше високиот функционер Блерим Беџети. Иако ги спомна, Меџити не понуди конкретни докази ниту демантираше дека во Чаир има фалсификувана документација за објекти. Во меѓувреме, Јавното обвинителство објави дека отвора постапка по наводите на Арсовска и ги повика сите што имаат информации за вакви злоупотреби да ги пријават.

Слични содржини