Вицепремиерот и министер Изет Меџити изрази сочувство до најблиските на загинатите во вчерашната несреќа во близина на село Рашче, скопско откако возило марка „ауди“ излета од патот кон Сарај и заврши во водите на реката Вардар.
-Зборовите не се доволни за да се опише болката што вечерва ја чувствуваме со семејствата на настраданите во страшната несреќа што се случи на патот Рашче-Сарај. Загубени се невини животи.
Се молиме оваа длабоко болка да биде со нишка надеж за спасувањето на младото петгодишно дете.
Изразувам длабоко сочувство до семејствата кои вечерва ги загубија своите најблиски. Господ да им даде сила да се соочат со оваа голема болка! Благодарам на локалното население и службените лица кои со својата пожртвуваност се бореа минута побрзо да ги пронајдат нашите сограѓани, порача Меџити во својата објава.
За потсетување, телата на три женски лица синоќа беа извлечени од Вардар. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар.