Лидерот на Демократското движење и поранешен градоначалник на Чаир, Изет Меџити вели дека бил дел од членството на ДУИ и оттаму ги познава состојбите во партијата. Според него, „кога ДУИ стојат добро на анкетите, одат со зелена агенда и програма, но кога имаат послаби резултати на анкетите, се враќаат на национализам и приказни“.
-Самиот факт кажува дека не стојат добро. Луѓето (ДУИ) се во паника. Албанците не се од 90-тите години, преголемo им е од симболиката за премиер Албанец. И покрај тоа што има премиер Албанец, Џафери денеска нема одговор за образовниот проблем на дечињата Албанци во здравство. И покрај тоа што министер за здравство е Албанец и претседател на Фондот за здравство е Албанец, Тетово на пример се дискриминира во однос на другите градови, по финансирање на пациент и затоа здравството во Тетово е на такво дереџе. Ова е во функција на 20 луѓе на власт и нивните семејства, кажа Меџити во емисијата „Само вистина“.
Тој упатува дека слични проблеми има и во МВР.
Лидерот на Демократското движење смета дека „Албанците никогаш не биле послаби и неефективни бидејќи немаат сработено за своите краишта, од каде што ги црпат гласовите“.