Меџити: Македонија нуди здравствена и хуманитарна помош за Украина

од Nikola Popovski
404 прегледи

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити остварил видео разговор со министерот за здравство на Украина Виктор Љашко. Украинскиот министер изразил благодарност до Владата на Северна Македонија и до Министерството за здравство, за хуманитарната поддршка на Украина. Љашко истакнал дека од голема важност за граѓаните на Украина е придонесот во здравствената заштита како и хуманитарната помош, која од страна на Министерството за здравство на Северна Македонија во повеќе наврати изминатиов период беше донирана до Украина.

Хуманитарната помош од Северна Македонија се состоеше во лекови и медицински средства, медикаменти и антибиотици.

Меџити истакнал дека Северна Македонија секогаш знае да понуди помош и поддршка во заштита на цивилното население и да биде хумана и солидарна во најтешките моменти. Соговорниците размениле мислења и за соработката меѓу земјите во рамки на Програмата за меѓународно медицинско партнерство, која се спроведува под покровителство на првата дама на Украина Олена Зеленска, со цел да се воспостави ефективно партнерство меѓу здравствените институции на Украина и странските земји.

На видео состанокот биле разменети мислења и за соработка на здравствените институции меѓу двете министерства за здравство, кои би се состоеле во размена на искуства за актуелните предизвици во областа на здравствената заштита.

Слични содржини