Меџити на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска отпатува во официјална работна посета на главниот град на Азербејџан, Баку, каде што утре почнува 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени, позната како Конференција страните – COP29.

Меџити, кој заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, во рамките на COP29 ќе биде дел од средбите на светските лидери на кои ќе се разговара за Парискиот договор и целта да се зголемат амбициите за климатската акција.

Самитот за климатски промени служи како платформа за ветувања, обврски и акциони планови во согласност со целите на Парискиот договор, додека учесниците се шефови на држави и високи државни службеници од целиот свет.

Слични содржини