Меџити на средба со конгресменот Сешнс: Благословени сме со пријателството и поддршката од САД

од Nikola Popovski
7 прегледи

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, за време на неговата официјална посета на Соединетите Американски Држави, оствари суштинска и значајна средба со американскиот конгресмен Пит Сешнс, член на Републиканската партија и Претставничкиот дом на САД.

На оваа средба се дискутираше за билатералните односи меѓу С.Македонија и САД, со посебен фокус на можностите за продлабочување и проширување на соработката во области од заемен интерес.

Првиот заменик-претседател на Владата нагласи дека поддршката од САД отсекогаш била и останува клучна за демократскиот и евроатлантскиот развој на С.Македонија.

„Од претходните официјални средби и посети, но и од оваа сегашна, сфатив дека сме благословени со пријателството и поддршката од САД. Односите меѓу Северна Македонија и САД ќе се интензивираат во интерес на граѓаните и нашите општества,” изјави Меџити.

Тој ја искористи можноста во име на граѓаните и институциите на С.Македонија да изрази благодарност за постојаната и континуирана поддршка од Соединетите Американски Држави кон нашата земја.

Оваа средба е дел од ангажманите на првиот заменик-претседател на Владата за зајакнување на стратешките партнерства и унапредување на интересите на С.Македонија на меѓународната сцена.

Слични содржини