Меџити најавува: Трансформирањето на ВЛЕН во партија почнува следната недела, не е важно кој ќе биде претседател

од Nikola Popovski
628 прегледи

Првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити најавил отпочнување на процедура за создавање нов заеднички политички субјект кој ќе произлегува од коалицијата ВЛЕН. Според него, овој субјект ќе има консолидирана структура, со седиште, информативен центар, кандидати, програма и листа на заеднички советници.

„Од следната недела ќе започне процедурата за формирање на политички субјект ВЛЕН, кој ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници“, изјавил Меџити.

Тој додал дека иако имињата на раководните позиции се уште не се дефинирани, тоа не претставува проблем, бидејќи, како што вели, главната цел е обединување и подобра организација пред локалните избори.

„Јавно можам да кажам дека ги читам гласачите кои бараат спојување на ВЛЕН во еден субјект… Ниту сум тврдел, ниту тврдам дека сум лидер на ВЛЕН. Ме интересира концептот. Не е важно кој ќе биде претседател туку мисијата и целта“, рекол тој во интервју за „Телеграфи Македонија“ и нагласил дека успехот на проектот е поважен од поединечните позиции.

Во врска со назначувањето на Петар Богојевски за директор на програмата „Еразмус+“, Меџити изјавил дека коментарите се поттикнати од дискусиите во ВЛЕН. Меѓу другото посочил: „Не ме радува тоа што тој даваше изјави и против Албанците“.

Слични содржини