Меџити: Не би сакале да сме во иста влада со Левица

од Nikola Popovski

Лидерот на Демократското движење и член на коалицијата „ВЛЕН“, Изет Меџити вели дека во моментов имаат приоритет да освојат најмногу гласови кај Албанците во земјава, па дури потоа ќе седнат да разговараат околу евентуална владина коалиција.

-Не сакаме да биде дел од влада по секоја цена. Цениме дека само Левица е антиевропска настроена и со нив не би сакале да сме во иста влада. Наш приоритет е европската интеграција, рече Меџити од Старата скопска чаршија.

Пратеникот не сакаше да зборува околу евентуален рок за спроведување на уставните измени. Околу договорот за коалицирање „победник со победник“, Меџити рече дека ДУИ тоа го прекрши во 2016 година.

-Од денешен аспект, тогаш добро направи (ДУИ) бидејќи беше потребно за државата. Но, кога ќе го сториш тоа, не можеш да го бараш истото од другиот. На овие избори по 22 години, заради ВЛЕН и силната опозиција, Ахмети спасот го бараше кај Турците, Ромите, Бошњаците, што е легитимно, но веќе не може да се повикува дека е албанска опција, смета поранешниот градоначалник на Чаир.

Слични содржини