Меџити нè обвинува дека поддржуваме црни листи, а до пред година и пол беше потпретседател на ДУИ, порача Снопче

од Nikola Popovski
68 прегледи

„Партијата на Изет Меџити нè обвинува дека ги поддржуваме црните листи и корумпираните, а до пред година и пол тој беше потпретседател на ДУИ“ – вака изјави пратеникот на АА, Халил Снопче како одговор на обвинувањата на вицепремиерот против крилото на Арбен Таравари кое премина во опозиција затоа што, како што изјави самиот тој, оваа влада ги маргинализира Албанците.

„Тој беше потпретседател на таа партија и шеф на штабот во неколку изборни циклуси, а сега нè обвинува дека поддржуваме црни листи кога тој беше потпретседател на црните листи и потпретседател на корумпираните“, изјавил Снопче за албанската „Ора Њуз“.

Снопче, исто така, одговорил на обвинувањата од Движењето Беса и нивниот лидер Биљал Касами.

„Касами и Беса влегоа во предизборна коалиција со СДСМ и не се приклучија на тогашната опозиција. Ако беа корумпирани, како останаа во тогашната влада“, прашал Снопче.

Пратеникот истакнал дека нападите од поранешните партнери се поразителни и неговата проценка биле дека соработката и коалицијата биле одлични однадвор, но тоа била фасада бидејќи одвнатре имало проблеми.

„АА е обединета“, потенцирал Снопче.

Слични содржини