Меџити не разговарал со Тачи, но тврди дека се ближи „крајот“ на Европскиот фронт

од Nikola Popovski
38 прегледи

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити смета дека ДУИ ги заборавиле евроинтеграциите уште додека биле на власт во времето на екс-премиерот Никола Груевски. Им порача на интегративците на Али Ахмети „да работат на себеси за да бидат поатрактивни на политичката сцена“.

-Во овие 100 дена се занимаваме со нивните погрешни решенија или делумни и незавршени решенија, рече Меџити на прес-конференција во Владата по повод 100 дена нова Влада.

На новинарско прашање дали контактирал со лидерот на ДПА, Мендух Тачи кој го напушти Европскиот фронт и дали е можно да се приклучи кон владеачкото мнозинство, Меџити одговори:

-Не се навикнати да бидат опозиција, сакаат да бидат власт по секоја цена. Ниту идеологија, ниту минато ги спојува нив. Тие се заедно како Европски фронт само со цел за да бидат на власт по секоја цена. Фронтот се дестабилизира и тука е почеток на нивниот крај, рече вицепремиерот, велејќи дека немал директен контакт со Тачи.

Најавата за мобилизација на членството на партиите од „Европскиот фронт“ не ја плашат власта. Осуетен беше планот на ДУИ за дестабилизација на Македонија, па сега Ахмети и неговите блиски ја омекнуваат реториката, рече пред неколку дена претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој изрази надеж дека ДУИ сега во опозиција ќе се реформира и ќе има подобар пристап, наместо досегашните, како што рече „крадење и пакости на штета на граѓаните.

Слични содржини