Меџити: Од 18 пратеници на Европскиот фронт, 3-4 со една нога се дел од новото мнозинство

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Лидерот на Демократското движење и член на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити тврди дека другата коалиција од албанскиот блок, предводена од ДУИ, не се обединила на идеолошка основа, туку за да опстанат и да бидат дел од Владата.

Во интервју за албанската телевизија „A2CNN“, Меџити порачал дека од 18 пратеници на Европскиот фронт во Собранието, 3-4 пратеници веќе се дел од новото мнозинство, без притоа да спомене кои се имињата.

„Европскиот фронт не се обедини на идеолошка основа, не ги споија програмата, туку се обединија за да опстанат и да бидат дел од Владата. Во моментот кога не се дел од Владата, мисијата пропаѓа и почнува распаѓањето на Европскиот фронт. Така што вечерва можам да кажам дека веќе од тие 18 пратеници, 3-4 пратеници со една нога се дел од новото мнозинство. Вечерва нема да ги кажам имињата, но таму има две турски партии, а турската заедница нема капацитет и потенцијал да остане 4 години во опозиција, тие се гледаат себеси во идната влада. Има и некои други пратеници кои се со Ахмети, кои немаат врска со коалицијата и кои во минатото предизвикувале жртви кај Албанците. Им пропадна мисијата“, изјавил меѓу друго Меџити во интервјуто.

Слични содржини