Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва на централниот митинг во Чаир одржа силен и емотивен говор, при што им се заблагодари на сите активисти и граѓани за нивната постојана поддршка за време на целата изборна кампања.
Битката во Чаир не е само борба за тоа кој ќе ја управува оваа општина во следните четири години. Оваа битка ќе ја одреди и политичката иднина на Албанците: дали ќе се вратат оние што владееја со ароганција и завршија на црните листи или ќе продолжиме ние да владееме со елеганција и да бидеме на светлите страници на нашата историја?
Во Чаир се води битка за сите наши населени места, од Липково до Струга. Затоа оваа кампања ја водев внимателно, со идеи и програма, а не со навреди и омаловажувања.
Драги граѓани на Чаир, нас и победата нè делат само уште два дена. Искористете ги овие два дена за да разговарате со вашите семејства, пријатели и соседи и да им ја пренесете пораката дека оваа битка е за иднината на нашите деца, младите, родителите и повозрасните.
Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум до крај да работиме и да се жртвуваме за да ја претвориме визијата на оние што нè проектираа како гето, во Чаир од нашите соништа – урбана и развиена општина во нашиот град.
На 19 октомври, сите заедно да гласаме за број 7, бројот на сигурната победа и на иднината без алтернатива.“