Меџити: Османи ги дели гласовите, Таравари нуди албански концепт

од Nikola Popovski
194 прегледи

Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити оценува дека кандидатурата на Бујар Османи за претседател на државата е обид за поделба на гласовите на Албанците. Според него, кандидатот на здружената албанска опозиција, Арбен Таравари нуди „албански концепт“.

„Таравари се појави на сцената како кандидат на мнозинството Албанци и го претставува албанскиот концепт. Османи излезе само да ги подели албанските гласови. Тоа е тенденција за поделба на албанските гласови. Веќе не ја препознавам сегашната ДУИ. Го имате Али Ахмети, кој е креатор на Охридскиот договор, а од другата страна го имате Мендух Тачи, кој е на американската црна листа за попречување на спроведувањето на Охридскиот договор“, изјавил Меџити за „Euronews“ на албански јазик.

Тој истакнал дека на претстојните избори има два албански блока бидејќи ДУИ веќе нема монопол врз гласовите на Албанците во Македонија.

Меџити е поранешен градоначалник на Чаир и поранешен функционер од редовите токму на ДУИ.

Слични содржини