468
Првиот вицепремиер и министер за екологија, Изет Меџити денеска потврдил дека Мухамет Амети ќе биде нов заменик-министер во Министерството за внатрешни работи, а Калтрина Зеколи заменик-министерка за транспорт и врски.
Колку за потсетување, нов министер за внатрешни работи е Панче Тошковски, додека Александар Николоски го предводи Министерството кое претходно го предводеше Благој Бочварски од СДСМ.
Амети доаѓа од партијата Демократско движење, чиј претседател е токму Меџити. Амети беше и кандидатските листи на пратеници на коалицијата ВЛЕН.