Меџити: Ова ќе биде последниот раскол во Алијанса, сите нивни кадри ќе бидат заменети од ВЛЕН

од Nikola Popovski
67 прегледи

Вицепремиерот Изет Меџити, на прашањето кој ќе ги замени кадрите на Алијанса за Албанците о Владата, рече дека сè уште не е разговарано, но потенцира дека сите ресори што ги имаше крилото на Арбен Таравари остануваат во рамките на ВЛЕН.

„Не сум слушнал дека ВМРО-ДПМНЕима такво барање, ниту јавно ниту на состаноци… шпекулациите се различни“, порачал Меџити.

Еден од лидерите на ВЛЕН информира дека прво мора да се потврди оставката на Таравар, а потоа ќе се направи анализа и ќе се распоредат најквалитетните кадри на коалицијата.

„Нема да навлегувам во конкретни имиња, но сигурно знам дека АА се појави како фракција на ДПА, првично предводена од Зијадин Села, а потоа и расколот што се случи со г-дин Таравари. Беше основана и континуирано дејствуваше против политиките на ДУИ. Честопати како членови плаќаа цена, остануваа достоинствено како опозиционери со години и не им е лесно да ја прифатат одлуката на Таравари. Мислам дека ова ќе биде последен раскол во Алијансата за Албанците“, рече Меџити.

Не одговори дали вицепремиерот за добро владење, Арбен Фетаи кој е од АА на Таравари ќе ја напушти функцијата и упати на одговор од него. Рече дека дополнително ќе известат дали Фетаи ќе биде разрешен ако сам не си даде оставка.

Слични содржини