Вицепремиерот Изет Меџити, коментирајќи ги последните постапки на градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска и „ловот“ на дивоградби, рече дека очекувале таа да даде одговор за нереализацијата на проектите, но, како што вели, таа се обидува да игра улога на инспектор и контролор која според него ја нема во своите надлежности. За обвинувањата и изјавите на градоначалничката, Меџити се закани дека ќе следи кривична пријава против неа.
„Проблемот е што и претпоследниот план на Али Ахмети со Арбен Таравари не успеа, бидејќи Ахмети рече дека ќе излезе на улица и нема да се врати. Но, се чини дека луѓето од ДУИ им го отстапија патот на Данела Арсовска и Левица… Затоа ова е најновата стратегија на Ахмети да ја дестабилизира земјата, овој пат преку општините и, за жал во соработка со Левица и Арсовска“, изјави Меџити.
Екс-градоначалникот на Чаир рече и дека жали што градоначалничката на Скопје станала „инструмент“ на пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.
„Ако се работи за дивоградби, нема општина што нема дивоградби. Добро е што Арсовска почна од Чаир, но добро е да ја видиме и во Сарај, во Шутка каде што се нејзините партнери, добро е да каже за синот на шефот на парламентарната група, Беџети кој има 17 години и договор за интелектуални услуги во ЈП „Комунална хигиена“ каде директор е човек на Беџети. Не случајно се давиме во ѓубре на ниво на Град Скопје. Добро е Данела да се занимава со нејзините надлежности, а не со друго“, нагласи министерот.