Меџити: С.Македонија постигна голем напредок во справување со антимикробната резистенција

од Nikola Popovski
145 прегледи

Во рамки на 73-та сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа (RC73), кој се одржува од 24-26 октомври 2023 година во Астана, Казахстан, министерот за здравство д-р Фатмир Меџити се обрати на денешната сесија на тема Патоказот за антимикробна отпорност за европскиот регион на СЗО 2023-2030 во Северна Македонија.

– Северна Македонија постигна голем напредок во овој напор за справување со антимикробната резистенција, меѓутоа аспектот на ,,Едно здравје” за превенција и контрола на антимикробната резистенција треба дополнително да се развива, а патоказот ќе обезбеди насоки за ова, истакна министерот Меџити.

Министерот посочи дека фокусот ќе биде ставен и на надзорот на антимикробната резистенција во рамките на Системот за управување со лабораториски информации (LIMS) што се развива со поддршка на СЗО.

– Приоритет ќе бидат образовните иницијативи насочени кон здравствените работници, пациентите и јавноста за промовирање на одговорна употреба на антибиотици. Ова вклучува примена на претпазливи практики на препишување и обезбедување достапност на алтернативи на антибиотици кога е соодветно. Ќе работиме и на зајакнување на мерките за превенција и контрола на инфекции во здравствените установи за да се намали ширењето на резистентни инфекции, фокусирајќи се на градење капацитети за здравствените работници, рече министерот.

Воедно, тој потенцираше дека поддршката на Светската здравствена организација е непроценлива во напорите за справување со антимикробната отпорност, како и споделувањето на најдобрите практики, искуства и научени лекции во спроведување на патоказот меѓу земјите од балканскиот регион.

Слични содржини